Човечкиот измет ќе може да се користи како ракетно гориво за мисиите на Марс

- Advertisement -

За идните астронаути на Марс тим од шпанскиот технолошки центар Tekniker развива нови механизми за поддршка на одржлив живот, кои треба да им помогнат да живеат на Марс подолг временски период.

Фотоелектрохемискиот систем ја претвора отпадната вода и јаглерод диоксидот од атмосферата на Марс во гориво со помош на сончевата светлина. Проектот го иницираше Open Space Innovation Platform на Европската вселенска агенција, која помага во развојот на нови иновации за вселената.

- Advertisement -

Сакаме да го направиме првиот реактор кој ќе произведува гориво на Марс од тамошниот воздух, кој е 95% јаглерод диоксид. Реакторот ќе работи на сончева енергија, а отпадната вода ќе помогне во производството на гориво” вели Борја Позо од Tekniker.

Системот на Tekniker се базира на високоефикасни каталитички материјали кои произведуваат хидрокарбони од атмосферскиот јаглерод диоксид помешан со отпадна вода. Процесот исто така ја детоксифицира отпадната вода, што значи дека може да се користи и за нејзино рециклирање.

- Advertisement -

Резултатот од овој проект може да помогне во производството на гориво на Марс или да се користи на некои оддалечени точки на Земјата. Исто така, може потенцијално да ни помогне да сфатиме како да го остраниме јаглерод диоксидот од атмосферата на Земјата“ велат од Европската вселенска агенција.

Тоа е само еден од проектите кои ќе им помогнат на идните астронаути на Марс да ги максимизираат нивните ресурси на Црвената планета кога ќе стигнат таму. Во интервју за Interesting Engineering од септември минатата година д-р Алед Робертс од Универзитетот на Манчестер изјави дека крвта и урината на астронаутите ќе се користат за производство на еден вид на бетон.

- Advertisement -

Робертс пресметал дека со екипаж од 6 астронаути ќе може да се произведе повеќе од половина тон од тоа што тој го нарече AstroCrete. Овој „марсовски бетон“ ќе може да се користи за градење живеалишта и за поправање на скршени делови.

Кога станува збор за преживувањето на Марс, луѓето ќе мора да бидат креативни. На пример, иако користењето на човечкиот отпад како главен градежен материјал и како извор на ракетно гориво на Марс можеби не е најубавата страна од таквите експедиции, може да биде витално за воспоставување човечки бази и проширување на нашата цивилизација на други планети.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -