„Приказни од моето маало“ тргнаа од Струмица

- Advertisement -

Градската библиотека „Благој Јанков – Мучето“ во Струмица е точката од каде што во средата вчера започна серијалот „Приказни од моето маало“, во организација на штедливото и љубопитно слонче Халки.

„Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов. Тој пред учениците од ООУ „Сандо Масев“ прочита фрагменти од своите дела на тема екологија, а потоа заедно цртаа и креира според мотивот „Природата не’ сака сите“.

- Advertisement -

Тимот на Халки на Струмичката библиотека и’ донираше катче за читање, како и книги и сликовници за деца. Директората Тања Гошева, заблагодарувајќи се, упати порака за важноста на читањето книги, за читачките навики на нивните членови, како и за Струмица како град со богата културна традиција.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, поддржувајќи ја пораката за важноста на книгата, го поздрави настанот читајќи дел од својата омилена книга од детството „Зоки Поки“ од Оливера Николова.

- Advertisement -

„Приказни од моето маало“ е циклус мултимедијални креативно-едукативни настани поддржани од Халкбанк АД Скопје. Серијалот ја поттикнува детската креативност и ја поддржува неформалната едукација на најмладите на теми важни за денешнината: екологија, инклузија, прифаќање.

  • Целото делување на нашата банка се темели на мотото „Важни се луѓето“, па сосема е природно да ги слушаме нивните приказни. Посебно важни за нас се приказните за и од децата. Тие се нашата иднина, затоа и вложуваме во нивната креативност преку поддршка на најразлични работилници и настани за формално и неформално образование – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Караванот „Приказни од моето маало“ ќе помине низ десетина градови и населени места во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -