Не е тајна дека Ричард Бренсон е голем фан на SpaceX. И тоа и не е необично затоа што SpaceX се приближува до реализацијата на првиот орбитален лет со Starship. Тоа ќе биде голем чекор во реализацијата на амбициите на Маск – да изгради, да управува со и да слета ново вселенско летало на површината на Марс и да ги насели луѓето на Црвената планета.
Дотогаш потребно е да се направат многу тестирања, а со оглед на тоа дека постојано склучува договори со НАСА за изградба на Human Landing System за програмата Artemis, Маск има предност пред неговите ривали Џеф Безос и Ричард Бренсон.
Но, пред неколку дена Ричард Бренсон за CNBC изјави дека сака да патува со некое од вселенските летала на Маск. Маск и Бренсон се пријатели, па иако многу од својот однос не и откриваат на јавноста, веројатноста тоа да се случи е многу голема.
Ако Маск му понуди на Бренсон да лета на првата орбитална мисија со Starship, основачот на Virgin Galactic можеби ќе стане првиот милијардер кој летал со Starship во вселената, па дури и пред самиот Маск.
Никој не тврди дека тоа сигурно ќе се случи, но можноста е и повеќе од очигледна. Помалку од една година после неговиот лет со Virgin Galactic, Бренсон изјави дека сака да се замени со Маск и да лета со неговото вселенско летало, што е доказ за отвореното пријателство на двајцата милијардери.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)