Маск сепак нема да биде дел од одборот на Twitter

- Advertisement -

Извршниот директор на Twitter објави дека Маск сепак нема да стане член на управниот одбор на компанијата. За само неколку дена ситуацијата околу улогата на Маск во Twitter се смени нагло. Откако минатата недела дознавме дека Маск станал најголем индивидуален инвеститор во компанијата, беше најавено дека ќе влезе и во управиот одбор. Шефот на Teslа, кој на таа социјална мрежа има над 80 милиони следбеници, тогаш изјав дека можеме да очекуваме значителни подобрувања на Тwitter.

Откако тој откри дека има удел од 9,2% во компанијата, акциите на Twitter скокнаа. Но, Маск најави други подобрувања – опцијата за уредување на објавите, намалување на цената на претплатата за Twitter Blue, направи некои анкети за исфрлање на буквата „w” од името Twitter и анкета за тоа дали седиштето на компанијата треба да се претвори во засолниште за бездомници.

- Advertisement -

За улогата на Маск во компанијата синоѓа се огласи извршниот директор на Twitter, Параг Агравал, кој рече дека Маск одлучил дека сепак нема да влезе во одборот на компанијата. Причините за тоа не се познати, но веројатно има врска со негодувањето кое го предизвика кај вработените кога рече дека ќе се приклучи на компанијата. Имено, дле од нив се плашеа дека Маск ќе ја наруши културата во компанијата, а некои беа загрижени дека модернизацијата ќе им наштети на нивните обврски во компанијата.

Маск нема дадено официјална изјава за ова, но BBC напиша дека еден час после објавата на Агравал на Agrawal на Twitter, Маск коментирал со емотикон со прекирена уста и набрзо потоа го избришал.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -