Комисијата за заразни болести препорача да се укине задолжителното приложување сертификат за вакцинација или прележаност на Ковид-19 при влез во земјата. Од друга страна, овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителските објекти.
Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш, туку ваквите мерки да се воведуваат постепено.
„Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките“, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Предлогот за влез во земјата без сертификат треба да биде изгласан и на седница на Владата.
Од таму вчера ја укинаа мерката за задолжително носење маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки и во јавниот превоз.
(Makfax)
(фото: Flickr)