Основачот на производителот на електрични автомобили Tesla и на компанијата за истражување на вселената, Илон Маск, само неколку дена откако откри дeка нема да стане дел од управниот одбор на Twitter, изјави дека сака да ја купи компанијаѕа.
Компанијата истакна, пак, дека Маск, кој моментално поседува 9,2% од акциите во оваа социјална мрежа, доставил писмо во кое го наведува својот предлог за купување на останатите акции во Twitter.
Маск понудил 54,20 долари по аквија, што е вкупно околу 43 милијарди долари за купување на Twitter.
„Инвестирав во Twitter затоа што верувам во потенцијалот на компанијата да биде латформа за слобода на говорот ширум светот и верувам дека слободата на говорот е императив за функционална демократија“ напиша Маск во писмото.
Тој напоменува дека неговата понуда е конечна и дека ако не биде прифатена, ќе мора да ја преиспита својата позиција како акционер.
(N1)
(фото: Wikimedia)