Индонезискиот парламент до усвои законот за преселување на главниот град Џакарта длабоко во џунглата во Борнео. Новиот закон содржи правна рамка за амбициозниот план на претседателот Јоко Видодо во вредност од 31 милијарди долари и детално објаснува како ќе биде финансиран развојот на градот и кој ќе управува со него.
„Новиот главен град има централна улога и е симбол за идентитетот на една нација, како и центар на економски активности“ вели министерот за просторно планирање, Сухарсо Моноарфа, откако беше усвоен законот.
Првичните активности за релокација ќе се случат од 2022 до 2024 година, при што приоритет ќе се даде на изградбата на патишта и пристаништа. Планот за преселување на Џакарта, каде што има хроничен сообраќаен метеж, поплави и огромно загадување на воздухот, досега го разгледувале многу претседатели на влади, но никој не го одобрил.
Новиот град ќе го носи името Нусантара, но не е познато кога ќе биде финализиран проектот. Џакарта ќе остане главен град додека не се донесе претседателски декрет за формализирање на промената.
(World Economic Forum)
(фото: Wikimedia)