Светска банка планира уште еден кризен фонд од 170 милијарди долари

- Advertisement -

Светска банка подготвува пакет од 170 милијарди долари финансиска помош како одговор на повеќето глобални кризи поради војната во Украина, пандемијата и инфлацијата, кои особено тешко ги погодуваат сиромашните земји. Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупреди дека инвазијата во Украина додаде дополнителен притисок после пандемиската криза на КОВИД-19 и веќе покачените трошоци на живот, па затоа има потреба од дополнителна помош.

Меѓу предлозите кои ќе се дискутираат на овонеделниот пролетен состанок на владите членки на светска банка е 50 милијарди долари помош која ќе се троши во текот на наредните три месеци и 120 милијарди помош во текот на наредната година.

- Advertisement -

„Многу сум загрижен за земјите во развој. Тие се соочуваат со ненадеен скок на цените за енергија, за ѓубрива, за храна и веројатноста дека тој тренд ќе продолжи е многу голема. Сето тоа тешко ги погодува земјите во развој“ додаде Малпас.

Малпас објасни дека поскапите енергенси и поскапата храна, повисоките каматни стапки, војната во Украина и карантините поради корона вирусот во Кина придонеле за проектирање на раст на глобалната економија од3,2% годинава, што е многу помалку во споредба со претходно предвидените 4,1% во јануари годинава.

- Advertisement -

Денес се очекува сестринската организација на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, да ја намали својата проценка за глобален економски раст во рамките на нивниот полугодишен извештај.

Претседателот на Светска банка објасни дека се подготвуваат за продолжен одговор на повеќекратната криза со нов 15-месечен план – финансиски пакет од 170 милијаерди долари кој треба да го покрие периодот од април 2022 до јуни 2023 година. И двете организации се загрижени поради високиот број на земји кои имаат проблеми со отплаќањето на своите долгови во време кога забавува глобалниот економски раст и растат глобалните каматни стапки.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -