Модерниот начин на живот може да предизвика многу промени во тоа како се чувствуваме и однесуваме. Целата психофизичка состојба ни е под влијание на начинот на живот што го водиме. Многуте обврски, преокупираноста со информации, големиот стрес од различни причини, постојаното бркање со време и обврски, недоволно сон и нередовни оброци, може да имаат сериозни последици врз здравствената состојба.
Сето тоа го нарушува животниот баланс. Главоболки, дефокус, недостаток на концентрација, постојан замор, се само почетокот на симптомите кои понатаму може да се прошират на целиот организам, а лошото варењето, нарушувањето и разните болести на дигестивниот систем се само дел од многуте здравствени состојби што современиот начин на живот може да ги предизвика како што се психолошките а се појавуваат и проблеми со кожата. Се манифестираат на различни начини а во голема мера влијае врз рамнотежата и состојбата на целиот организам.
Но, повторното воспоставување рамнотежа во организмот и животот е возможно. Покрај со промена на животните навики, исфрлање нa штетното и стресно темпо, исто така, ефективен начин тоа да се смени е со воспоставување дневна рутина во исхраната.
Првиот чекор би бил да започнете со редовни оброци, на еднакви временски интервали, не брзајте додека јадете и не јадете брза храна. Внесувајте доволно храна со растителни влакна и храна богата со „добри бактерии“. Започнете со промени во утринската рутина и внесувајте Баланс+ за појадок. Ефектите на овој јогурт со пробиотик се клинички докажани, па лекарите го препорачуваат како составен дел од оброкот што придонесува за подобро расположение, побрз метаболизам и нормално функционирање на дигестивниот систем. По само 10 дена редовно консумирање на Баланс+ јогуртот по 500 грама дневно ќе се почувствуваат сите придобивки.
Покрај тоа, Баланс+ е збогатен со природни влакна а присуството на добрите бактериски култури покрај регулирање на цревната микрофлора, поттикнуваат и добро расположение и ја обезбедуваат многу потребната енергија за успешен работен ден. Пробиотиците и пребиотикот од Баланс+ јогуртот имаат позитивен ефект врз работата на дигестивниот систем а преку него и врз целосниот организам и со редовно консумирање, сите тегоби, надуеност и други проблеми поврзани со дигестивниот систем ќе исчезнат.
Внесувањето на Баланс+ во секојдневната исхрана значи внесување на потребниот баланс во организмот и воопшто во животот. Вашето здравје единствено зависи од вашите здрави навики и правилниот начин на исхрана.