Најголемиот турски малопродажен ланец за домаќинство доаѓа во Скопје?

- Advertisement -

Најголемиот турски малопродажен ланец за опремување на домот планира експанзија на Балканот. Првиот продажен објект ќе биде отворен во Белград, а до крајот на 2023 година планирано е отворање на продавница и во Скопје, дознава Скопје Инфо

Евдема, најголемиот турски малопродажен ланец планира ширење на балканот, прва локација на овие простори ќе биде Белград, а до крајот на 2023 година планиран е влез и на пазарот во Македонија со продажен објект во Скопје. Освен во Турција, ланецот е присутен и на пазарот во Франција каде има своја мрежа на продавници, но врши продажба и преку партнери ширум земјата. Компанијата со свое преставништво е присутна и на пазарот во Русија. 

- Advertisement -

Евдема е најголем ланец за опремување на домот во Турција. Компанијата е основана во 1972 година и нуди широк избор на производи, мебел и декорации преку својата мрежа на концепт продавници. Освен стандардната продажба компанијата има развиено електронска мрежа за продажба на преку 10.000 производи. 

Сподели!
- Advertisement -