Странските инвеститори не се задоволни од своите вработени

- Advertisement -

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за прв пат годинава направи истражување, какво е задоволството на компаниите од зоните во однос на услугите кои ги добиваат од вработените од оваа државна институција. Генералната оценка е позитивна. Но, на друго истражување спроведено врз странските инвестиции, податоците далеку понегативни. Бизнисмените не се задоволни од персоналот, инфраструктурата, обемната бирократија.

За многу кратко време во јавноста се појавуваат две истражувања поврзани со странските инвестиции. Едната анкета на фирми со странски капитал ја спроведувала Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство кое е дел и од Стопанската комора на Македонија, а другото е спроведено од ТИРЗ.

- Advertisement -

Порталот „Денар“ ги спореди детално податоците на двете истражувања и наодите покажуваат дека бизнисмените со странски капитал се позадоволни од односот и работата на вработените во ТИРЗ од колку нивните работници. Па така, во истражувањето на Асоцијацијата на странски фирми стои дека во топ три пречки за водење бизнис во Македонија е недоволниот стручен кадар. Но, податоците добиени од анкетата на ТИРЗ вели дека од највисока оценка 5, вработените во државната дирекција од странските инвестиции добиле оценка 4,6, и тоа поради нивните вештини, знаењето и способноста на вработените. Странските инвеститори исто така се многу задоволни од вработените во ТИРЗ во однос на брзината на постапување на нивните барања. Многу е интересно што на другото истражување тие одговараат дека обемната бирократија и непостапувањето навремено на останатата државна администрација им е една од главните пречки за работење во земјава.

Од анкетата спроведена врз членките на Асоцијацијата на странските компании се гледа дека тие се релативно задоволни од инфраструктурата во индустриските зони. Во однос на производството, на повеќе од половина им е намалено од 10 до 35 отсто. Речиси половина од компаниите во зоните лани имаат намалување на извозот над 30 отсто на годишно ниво. Странските инвеститори пријавиле и загриженост што бројот на вработени им е намален за над 350 работници во фабриките.

Сподели!
- Advertisement -