Австралиски научници ќе тестираат испечатени соларни панели кои ќе се користат за напојување на електрични возила на пат долг 15.100 километри. Тестирањето почнува во септември годинава и се надеваат дека со ова тестирање ќе ги наведат на размислување луѓето за новите можности за спречување на климатските промени.
Со проектот „The Charge Around Australia (CAA)” ќе се напојуваат електрични автомобили Tesla со 18 испечатени пластични и соларни панели, од кои секој е долг 18 метри. Панелите ќе стојат покрај возилата за да ја впиваат Сончевата енергија кога ќе треба да го полнат автомобилот.
Пол Дастор, изумител на печатените соларни панели, изјави дека тим од Универзитетот Њукасл ќе ја тестира не само издржливоста на панелите, туку и нивната поенцијална употреба за други примени.
„Ова е иделен простор за тестирање, кој ќе ни даде информации за тоа како ќе ги користиме и како ќе напојување на долги релации, на пример,во вселената“, изјави Дастор.
Испечатените соларни панели се направени од лесна ПЕТ пластика, која може да се направи по цена пониска од 10 долари по квадратен метар. Плочите се направени со обичен печатач. Дастор смета дека користењето на вакви плочи ќе го зголеми интересот на Австралијанците за електрични автомобили со што ќе се намали негативниот ефект врз климатските промени. На 84-дневното патување со Тесла, тимот планира да посети околу 70 училишта за да им се покаже на учениците она што може да се очекува во иднина.
Dastoor je rekao da bi korištenje ploča za pogon automobila navelo Australce da više razmišljaju o električnim vozilima i da bi im moglo pomoći u ublažavanju “tjeskobe” vezane uz domet električnih vozila.
(Dnevnik.hr)