Палау ги наградува послушните туристи со поволности кои се достапни само за локалците

- Advertisement -

Palau Legacy Project стартуваше нова кампања за едукација на луѓето за тоа како да ја почитуваат животната средина, земјата и локалната култура во Палау. Туристите таму отсега ќе можат да уживаат во сите убавини на оваа мала островска држава ако ја почитуваат нејзината традиција и природата.

Кампањата наречена „Ol’au Palau“ на туристите кои ќе покажат добро однесување и ќе ја почитуваат културата на островот им доделува бодови. Тие можат да ги користата бодовите за да доживеат искуства кои претходно биле достапни само за жителите на Палау.

- Advertisement -

Бодовите може и да се акумулираат во апликацијата Ol’au Palau. Тие можат да користат опции како надоместување на нивниот карбонски отпечаток во земјата со помош на личен калкулатор на јаглерод диоксид, да користат креми за сончање безбедни за гребените и да посетуваат компании кои го намалуваат своето влијание врз животната средина.

Бодовите, исто така, ќе се доделуваат на туристи кои посетуваат културни знаменитости, кои ќе јадат локална храна од одржливи извори, ќе учествуваат во проекти за регенеративен туризам во заедницата и ќе избегнуваат пластика за еднократна употреба.

- Advertisement -

Кога ќе соберат доволно бодови, луѓето можат да ги разменат тие бодови за да пристапат до одредени делови од островот, да запознаат локални старешини и да посетат историски локации, да пешачат надвор од обележани патеки, да посетуваат села и да јадат заедно со заедницата, да ловат риби на традиционален начин и да приваат во скриени пештери.

Кампањата била создадена откако една студија покажала дека 90% од луѓето сакаат да ја доживеат природната средина и локалната култура, како и да научат како да ја сочуваат и да ја заштитат во текот на својот престој. покрај тоа, 87% од луѓето рекле дека би потрошиле повеќе пари за одмор во дестинација која има недопрена, заштитена животна средина и култура. Околу 89% од луѓето рекле и дека би посетиле земја со таква програма за наградување, а 85% од нив рекле дека оваа идеја ќе ги поттикне позитивно да се однесуваат кога ќе посетат и некоја друга земја.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -