Микропластиката со себе може да носи и опасни паразити од фекалии

- Advertisement -

Три паразити кои предизвикуваат болести пронајдени во изметот на мачките и на луѓето би можеле со микропластиката да стигнат и до морињата, а таму да предизвикаат болести кај морските животни.

Веќе знаеме дека колонии на бактерии, вируси и паразити кои ја сакаат водата можат да се прикачат за микропластиката, но ова е прв пат да се покаже дека копнени паразити преку микропластиката стигнуваат во морската вода.

- Advertisement -

За да го истражат тоа научници прво ставиле микропластика во морска вода на 14 дена за да овозможат раст на леплив слој бактерии на нивната површина, односно познат како пластисфера. Пластисферата создава слој од леплив материјал во кој материите можат да бидат физички заробени, како што е случај, на пример, со стапиците за муви.

Потоа микропластиката ја ставиле во чаши кои содржат или само морска вода или морска вода контаминирана со три копнени паразити – Toxoplasma gondii, Cryptosporidium parvum и Giardia enterica. Ги снимале примероците во текот на седум дена и откриле дека паразитите преминале од морската вода на микропластиката.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Science Reports и ја истакнуваат потребата за намалување на употребата на пластика и прилагодување на нашите системи за прочистување на водите за ловење на пластичните загадувачи.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -