Македонската Тоскана забрзано се развива. Малите винарии почнаа успешно да се докажуваат во винскиот свет!

- Advertisement -

Ова е македонската Тоскана! Во селата и градовите на Тиквешијата секое семејство поседува барем едно лозје. Одгледување на лоза и правење на вино и ракија овде е традиција која се пренесува од колено на колено. 

Тогаш зошто да не потврдиме дека ова е нашата Тоскана?!? Генерации растеле меѓу редовите на винските лози и од мали нозе станувале подготвени мајстори за правење на вино. Есента овде од памтивек се минува во берба, а потоа и во правење на вино. 

- Advertisement -

Токму во таков период ја посетив Тиквешијата. А мојата прва точка на посета беше средбата со претставниците на „Тиквешките семејни винарии“, здружение кои веќе три години обединуваат многубројни членови- производители на вино, ракија, вињак, маџун и гроздов сок. 

Така ги запознав Горан, Сашко и Даре, сопственици на винариите Јаковлевски, Ерос и Зоков….кои во име на сите членови, со многу искрени и едноставни зборови во нивната винотека ми ја раскажаа нивната љубов кон лозјата, виното и сѐ што произлегува од него. Зборуваа со внимание… како кон светост.  Кога ги запрашав кој е еден од главните предуслови за да се членува….наместо да редат пропозиции, многу едноставно ми кажаа дека за да се биде член треба да се биде еснаф човек кој го сака виното.

- Advertisement -

Ова е интервју со Горан Јаковлевски, претседател на Тиквешки семејни винарии кој зборува за еден неверојатен микрорегион, во кој се раѓаат нови мали семејни извонредни  винарии. Тренд кој треба да се поддржи, зошто токму тие “мали” винарии ќе придонесат кон диверзитетот на винскиот свет и преку своите вина најверно ќе го претстават и своето поднебје и микролокалитетите на кои ја одгледуваат виновата лоза. 

Нивната приказна полека веќе е проширена помеѓу винољубците кај нас, а пролетва на Slow Wine саемот во Болоња, Италија  рамо до рамо со 500 други излагачи од целиот свет ги претставија нивните вина, токму од малите винарии. Според оценките кои ги добија, со гордост можеме да кажеме дека достоинствено се носиме со вината од најпознатите вински региони од Италија, Франција, Чиле….

- Advertisement -

Новинарка | Љубица Ангелкова

Малите семејни винарии од неодамна се здружија со една цел, да го промовираат квалитетот на локалните визби. Што е она што нив ги прави посебни и кои пропозиции мора да ги исполнуваат да бидат Ваши членови?

Здружението “Тиквешки Семејни Винарии” постои веќе три години во кое членуваат триесетина членови производители на вино, ракија, вињак, маџун и гроздов сок. Се јави идеја за здружување бидејќи само така заедно здружени можеме полесно да ги реализраме нашите индивидуални цели и идеи и да ја оствариме нашата заединичка визија.

Иднината на македонското винарство, велат дека е во здружувањето, но тоа е реткост. Вие сте прв организиран пример во еден микрорегион. Какви се искуствата и зошто треба вакви формации што повеќе да има низ Македонија?

Заеднички работиме на развојот на винската култура, на винарството во државата. Во рамките на оваа здружение заеднички се трудиме да ја зачуваме традицијата, организираме дегустации, саеми на вино, заеднички си помагаме со цел зголемување на квалитетот и промовирање на производите.

Продолжението на идејата да се организирате, не е само статут и регистрација, туку Вие одлучивте да отворите и продажен простор со дел за дегустација, со што стартувате и поширока промоција на локалните вина и на винската култура воопшто. Кои се сегашните членови?

Еден од најважните услови при зачленувањето во нашето здружение е да се биде еснаф човек кој го сака виното.

Најголем дел од членовите се од Тиквешкиот регион односно од Кавадарци и Неготино, но имаме и членови од други градови Велес, Прилеп, Битола, Скопје и др. Сите сме винари вљубени во преработка на грозје и големи ентузијасти во работата, ги делиме истите предизвици.

Дали сите винарии има своите насади со лоза?

Производството на вино воглавно е од сопствени насади  со мали исклучоци на сорти на грозје кои ги немаме, насади кои се од најпознатите микролокации во Тиквешијата, од нив некои се третираат со органска заштита, па од нив излегоа и првите органски вина во Македонија.

Сашко Андов, Ерос Винарија

Вашите вина не личат на вината на големите винарии. Секое има авторски печат. Дали постои диксусија помеѓу вас околу таа автентичност, дали сметате дека секој е добро да се држи до својот стил?

Самото здружување значи многу и е голем чекор напред. Иако сите имаме мали тајни при производството на вино, негувајќи ја секој својата семејна традиција, заеднички се надоградуваме при правењето на нашите вина, си помагаме при набавка на репроматеријали. Од кога постоиме како здружение три години по ред го организираме нашиот Тиквешки вински салон што претставува добра основа за претставување на нашите производи пред домашната публика, но и заеднички работиме на подигање на винската култура и развојот на винскиот туризам во државата.

Ова здружение има одлична соработка со Слоу Фуд Македонија, па така неодамна шест семејни винарии од нашето здружние беа присутни на првиот Slow Wine Саем во Болоња, Италија каде рамо до рамо со 500 други излагачи од целиот свет ги претставивме нашите вина и со гордост можам да кажам дека достоинствено се носиме со вината од најпознатите вински региони од Италија, Франција, Чиле и др.

Продолжението на идејата да се организирате, не е само статут и регистрација, туку Вие одлучивте да отворите и продажен просор со дел за дегустација, со што стартувате и поширока промоција на локалните вина и на винската култура воопшто?

Со поддршка на Општина Кавадарци беше отворена првата винотека во Кавадарци што претставува место кое е одлично катче за презентација, состаноци, дружба, негување на винската култура, но и продажба на нашите вина.

Даре Зоков, Зоков Винарија

Многумина од вас, стартуваа винарии како хоби, но веќе се целосно посветени како на главна пеокупација и бизнис. Колку технологија, а колку рачна работа и природни состојки има во вашите вина?

Сите наши членови се мали бутик семејни винарии во кои во процесот на производство на вина учествува цело семејство, од најмалиот до највозрасниот член. Тука има многу љубов, позитивна енергија, желба, полет и страст и сето тоа резултира со врвен квалитет.

За да се произведат врвни вина потребна е и современа опрема без која не се може, но при тоа водиме сметка да се задржи семејната традиција затоа тие се автентични, силни и моќни кои винската публика сè повеќе ги бара.

Освен во вашата винотека, каде можат да се најдат вината на малите семејни тиквешки винарии?

Денес овие вина можат да се најдат во најпознатите ресторани во Кавадарци, како и во најпознатите вински продавници низ државата.

Странските туристи и винољупци кои доаѓаат во нашите винарии се воодушени од гостопримството и квалитетот на нашите производи, па така се повеќе има желба тие да се најдат на пазарите надвор од границите за што постои голем интерес исто така, но за жал сеуште немаме заеднички организиран извоз. Се надевам дека тие во блиска иднина ќе се најдат и во познати европски ресторани.

Каква беше минатата берба? Какви вина донесе?

Минатата година беше една од подобрите вински години во последната деценија. Имавме многу квалитетно винско грозје кое беше многу малку третирано со заштитни сретства. Грозјето имаше добри шеќерни единици, па така денес имаме квалитетен вранец со 16% алкохол, темјаника со 15%, смедеревка и станушина 13 % алкохол, па како резултат на тоа има голема заинтересираност кај љубителите на вино и продажбата е одлична.

Сподели!
- Advertisement -