Калифорнија е на прагот да користи 100% обновлива енергија

- Advertisement -

Обновливите извори на енергија во Калифорнија во саботата достигнаа речиси 100%. Заштитниците на животната средина го прославуваат ова достигнување, California Independent System Operator (CAISO), непрофитната организација која ги следи системите за електрична енергија и енергијата генерирана и пренесена преку нивните станици, претходно објави податоци дека државата достигнала 101% енергија од обновливи извори.

Сепак, властите во земјата ги провериле податоците и утврдиле дека тој процент е 99,87% од вкупно 18.672 мегавати во саботата. Бројката се уште е поголема од претходниот рекорд од 97,58%, а портпаролот на CAISO го потврди тоа. Ова достигнување траеше само 15 минути и потоа процентот падна на 97%.

- Advertisement -

12,391 мегавати или околу 2/3 од енергијата дошла од соларни панели поврзани со државната електрична мрежа, додека остатокот е од ветар, геотермална енергија и други обновливи извори.

Заштитниците на животната средина во Калифорнија поднесоа предлог -закон со кој од државата се бара до 2045 година сите потреби на државата за енергија да се задоволуваат од обновливи извори. Ова последно достигнување е многу битно за нив, кои сакаат да постават 1 милиони соларни панели на крововите во земјата наместо да градат соларни фарми.

- Advertisement -

Хидроенергијата е послаб извор на енергија поради големите суши во регионот, додека државата одлучи да ја затвори нуклеарната централа Диабло кањон до 2025 година.

Калифорнија сепак е далеку од тоа да биде целосно независна од фосилните горива и се уште се троши природен гас во електроцентралите.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -