Првиот вселенски хотел треба да биде отворен во 2025 година

- Advertisement -

Компанијата Orbital Assembly Corp. ги објави своите планови за изградба на две вселенски станици кои би содржеле и простор за сместување туристи. Станицата Pioneer Station треба да почне со работа во 2025 година и ќе може да прими до 28 посетители, додека поголемата станица Voyager Station треба да ги отвори своите врати за посетителите до 2027 година и ќе може да прими 400 луѓе.

„Нашата визија е да ја направиме вселената дестинација која луѓето ќе сакаат да ја посетат, а истовремено да ги задржиме познатите елементи како што е гравитацијата“ вели шефот на Orbital Assembly Corp, Тим Алаторе.

- Advertisement -

Тој појасни дека станиците се замислени како хибридни, односно на нив ќе може да се ужива, но и да се работи. Интересно е тоа што најавуваат дека станиците ќе имаат вештачка гравитација која на гостите ќе им овозможи нормално движење, а тоа е технологија која уште не постои на сегапните вселенски станици.

Според планот кој го претставија, вселенските станици ќе се состојат од пет модули кои ќе бидат поставени околу прстенеста база задолжена за одржување на гравитацијата.

- Advertisement -

„Успеавме да развиеме безбедна и стабилна модуларна станица која ќе создава приходи и ќе биде профитабилна побрзо отколку нашите конкуренти кои се прилагодуваат на распоредот на НАСА“ се вели во соопштението од компанијата.

Додаваат дека очекуваат да остварат приходи од комерцијални, истражувачки и туристички посети, кои би траеле од една до две недели.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Orbital Assembly)

Сподели!
- Advertisement -