Маск ќе ја укине забраната за Доналд Трамп да го користи Twitter

- Advertisement -

Главниот извршен директор на Teslа, Илон Маск, кој неодамна го купи Twitter, вчера изјави дека ќе ја поништи забраната за поранешниот америкнски претседател Доналд Трамп да ја користи таа социјална мрежа.

Маск тоа го изјави на конференцијата на Financial Times, Future of the Car. /Профилот на Трамп на Twitter имаше над 88 милиони следбеници, а му беше укинат пред крајот на неговиот мандат после повеќегодишните расправи за коа како социјалните медиуми треба да управуваат со профилите на светски моќници.

- Advertisement -

Трамп трајно беше суспендиран од Twitter кратко после нападот на Конгресот поради, како што објаснија од платформата, ризикот од поттикнување на насилство во иднина.

Маск таа забрана ја смета за морално погрешна и едноставно глупава. Трамп за Fox News изјави дека нема повторно да го користи Twitter дури и ако Маск ја купи платформата и му го врати профилот. Наместо тоа, ќе ја користи сопствената социјална мрежа Truth Social, која ја стартуваше во февруари годинава.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -