Нови 2 милиони евра oд ЕБОР за инвестиции во одржливи, зелени технологии

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја продолжува соработката со Комерцијална банка во Северна Македонија одобрувајќи нова кредитна линија во износ од ЕУР 2 милиони. Истата ќе биде наменета да им помогне на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата, во поттикнување на работењето на нивните деловни активности, кои доаѓаат после последиците предизвикани од Ковид-19 пандемијата.

Кредитот беше потпишан на 12 мај, за време на Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува во Маракеш, Мароко.

- Advertisement -

Франсис Малиж, Генерален Директор, Финансиски Институции, ЕБОР изјави : ,,Ни претставува задоволство што можеме заедно со Комерцијална банка Скопје, повторно да пружиме поддршка на локалните МСП. Средствата ќе им помогнат на малите бизниси да инвестираат во современи технологии и да се опорават од негативните ефекти предизвикани од пандемијата.”

Маја Стевкова Штериева, Главен Финансов Директор и Член на Бордот на директори на Комерцијална Банка АД Скопје изјави: „Продолжуваме со наште напори во поддршка на националната економија во период после пандемијата. Ни претставува задоволство што можеме да ги им помогнеме на  МСП со кредитната линија од ЕБОР во износ од ЕУР 2 милиони. Особено ни е драго што средствата од оваа кредитна линија се примарно наменети за инвестиции во зелената енергија и конкурентноста, што е во согласност со нашата посветеност да поддржиме и придонесеме во развојот на одржливи бизниси. ”

- Advertisement -

Комерцијална банка ќе ги кредитира малите компании, овозможувајќи им да инвестираат во зелени технологии кои работат подобро, и кои ќе ги подобри нивните стандарди и процеси. Овие инвестиции треба да ги направат локалните МСП поусогласени со Европската Унија и со меѓународните стандарди, поттикнувајќи ја нивната конкурентност на домашните и меѓународните пазари.

МСП ќе имаат корист од грант компонентата која достигнува до 15% од сумата на кредитот. Грантовите се финансирани од ЛуксембургНорвешка  и Соединетите Американски Држави, како и другите донатори кои се очекува да учествуваат во поддршката.

- Advertisement -

Кредитната линија е дел од новата програма на ЕБОР за поддршка на обновата на МСП, која го поддржува опоравувањето на малите компании од забавениот раст предизвикан од пандемијата. Комерцијална Банка е првата банка во земјата која и се приклучува на програмата, охрабрувајќи ги МСП да имплементираат повеќе од вообичаените деловни пракси и да инвестираат во современи и одржливи технологии. Околу 70% од поддршката преку оваа програма, ќе биде алоцирана во инвестиции во заштеда на енергија и зелени технологии, додека останатиот дел ќе биде наменет за поддршка на инвестиции во атоматизација, зголемена продуктивност, како и квалитет и безбедност на производите.

Комерцијална Банка е долгорочен партнер на ЕБОР, а во нејзината поддршка на МСП во Северна Македонија до сега има одобрено над ЕУР 7 милиони , кредити на локалните МСП под Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над ЕУР 2.2 милијарди во 154 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата: декарбонизација на економијата.

Сподели!
- Advertisement -