Google Maps добиваат уште една нова опција која ќе ве одушеви

- Advertisement -

Google Maps има нова алатка за Immersive view која го комбинира Street View и фотографии направени од воздух за да овозможи виртуелно истражување на градовите. Со новиот Immersive View ќе можете да видите каква е некоја населба, какви ресторани има, па дури и да имате чувство како да сте биле таму пред и физички да го посетите.

Значи, ако патувате на некоја нова локација или откривате некои локални знаменитости, новата опција ќе ви помогне да донесете најинформирани одлуки пред и да тргнете на пат, велат од Googlea Maps.

- Advertisement -

Опцијата е многу слична на 3D начинот на работа на Apple Maps, кој беше лансиран уште минатата година. Новата алатка на Google беше најавена на конференцијата I/O.

Google Maps беше создаден за да им помогне на луѓето во навигацијата до дестинацијата каде што тргнале. Оттогаш еволуираше и стана најдобар сопатник кога треба да пронајдете совршено место за јадење или да добиете информации за некоја локална компанија.

- Advertisement -

Благодарение на напредокот на компјутерскиот вид и вештачката интелигенција, кои овозможуваат спојување на Street View и фотографии од взодух, успеавме да создадеме водат, дигитален модел на светот, да ви претставиме целосно нов начин на истражување со Google Maps, порачаа од Google.

Корисниците можат виртуелно да истражуваат градови одозгора пред да дојдат до некоја улива или зграда, а потоа да се спуштат на нивото на самата улица. Апликацијата има и корисници информации со можност за промена на времето за да видите како изгледа едно исто место ноќе или дење или во различни временски услови.

- Advertisement -

Immersive View за почеток ќе го има во Лос Анџелес, Лондон, Њујорк, Сан Франциско и во Токио подоцна годинава, а повеќе градови доаѓаат наскоро, порачаа од Google.

(Daily Mail)

(фото: Google Maps)

Сподели!
- Advertisement -