Откако најави дека ќе го купува Twitter, Илон Маск изгуби 49 милијарди долари

- Advertisement -

Кога најбогатиот човек во светот одлучи да ја брани слободата на говорот на Twitter и за тоа да плати 44 милијарди долари, веројатно не очекуваше дека ситуацијата на берза ќе биде толку песимистича како што е сега. Имено, од почетокот на годината досега акциите на неговата компанија Teslа се во голем минус, а откога најави дека ќе го преземе Twitter нивната вредност падна за уште 30%.

Со падот на вредностра на акциите паѓа и вредноста на акционерите, а бидејќи Маск е најголем акционер таму, јасное дела помина најлошо. За нешто повеќе од еден месец тој изгуби дури 49 милијарди долари, што е повеќе од тоа што планираше да го плати за Twitter.

- Advertisement -

Од почетокот на годината досега Маск има изгубено вкупно 60 милијарди долари, но има и други кои се во уште поголем минус. Извршниот директор на Binance, Чангпенг Жао, годинава има изгубено над 80 милијарди долари, а ниту Џеф Безос не помина подобро – има изгуебно 62 милијарди долари.

Сепак, Маск нема потреба да се грижи затоа шту уште е најбогат човек во свето со богатство од над 200 милијарди долари.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -