Светот целосно се смени после инвазијата на Русија врз Украина во февруари годинава. Инфлацијата, покачените цени и недостигот на многу производи се чувствува секаде во светот. Тие последици се чувствуваат и во Русија. Поради инфлацијата падна куповната моќ на народот, а многу компании се повлекоа од рускиот пазар. Својата прилика ја искористија и кинеските брендови, чија продажба се дуплираше откако западните компании најавија повлекување од Русија.
Поради таквата ситуација најголемиот руски мобилен оператор MTS почна да продава половни телефони, како и телефони кои се достапни со голем попуст од дури 50% за на граѓаните да им овозможи поповолни смартфони. Меѓу нив, на попуст се достапни и уреди на компании како Xiaomi, Honor и Huawei, како и Samsung.
„Ова е добра рпилика за нашата компанија на корисниците да им понудиме дополнителен начин за купување квалитетни уреди“ коментираат од MTS и додаваат дека во Русија сега половните телефони и гаџети се достапни по многу ниски цени.
На попуст се и уреди кои се вратени две недлеи по купувањето и тие со оштетени амбалажи, но MTS за нив дава гаранција од само 90 дена. MTS минатата недела за прв пат пријави пад на приходите од дури 76%, за што најмногу го обвинуваат растот на каматите, како и моненталната макроекономска состојба.
(Reuters)
(фото: Flickr)