Ученичка компанија креираше еколошка паста за заби!

- Advertisement -

Викендов во Струга се одржа “Националниот натпревар на ученички компании” во организација на Junior Achievement Македонија и поддршка од #ФИТР и USAID North Macedonia. Вкупно десет ученички компании имаа можност истражуваат и да развиваат иновативни решенија, да видат како се води бизнис и да стекнат претприемачки вештини.

Победник е ученичката компанија Beauty and Health – Elladont од ОСУ “Ацо Русковски” – Берово. Компанијата се занимава со производство и продажба на паста за заби Elladont, која е еколошка и изработена од природни и здрави состојки, од природни билки што учениците лично ги собираат од еколошки чист регион, како што се Малешевските Планини. Наменета е за секоја возраст, вклучувајќи ги и најмалите.

- Advertisement -

Второто место му припадна на тимот девојки од СУГС Раде Јовчевски – Корчагин – InnoPazio. Ученичката компанија произведува модернизиран подметач за топли напитоци, кој ја конвертира топлинската енергија во електрична, со што овозможува напојување на мобилните уреди, независно од положбата.

Тимот е во составен од 5 девојки од втора година: Викторија Поповска, Екатерина Стојаноска, Невена Митевски, Сара Андоновска и Милијана Стојановиќ.

- Advertisement -

Третото место го осовои ученичката компанија МИДОРИ од СЕПУГС Васил Антевски Дрен од Скопје. Ученичката компанија Мидори нуди платформа во вид на виртуелна видео игра, како пракса за учениците од средните училишта, кои сакаат да го развиваат и негуваат претприемничкиот дух.

Сподели!
- Advertisement -