Лиудерите на Европската унија вчера постигнаа договор да наметнат ембарго на најголем дел од извозот на руската нафта во земјите-челнки до крајот на оваа година. Тоа е дел од новите санкции за Москва кои беа договорени на самитот посветен на Украина и како да и се даде финансиска поддршка.
Ембаргото ја опфаќа руската нафта која се транспортира со бродови, што значи дека од неа е исклучен увозот преку нафтовод. Тоа беше клучен потег за Украина да се согласи со одлуката за која бил потребен консензус.
Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мајкл, изјави дека договорот покрива повеќе од 2/3 од увозот на нафта од Русија. Урсула фон дер Лејен, која е претседателка на Европската комисија, истакна дека оваа санкција ефективно ќе прекине 90% од увозот на нафта од Русија во ЕУ до крајот на годината.
Новиот пакет санкции ќе вклучува и замрзнување на средствата и забрана за патување за одредени поединци, додека најголемата руска банка, Сбербанк, ќе биде исклучена од SWIFT, најголемиот глобален систем за трансфер на пари од кој ЕУ претходно исклучи неколку помали руски банки.
Новите санкции ќе стапат на сила утре.
(NBC)
(фото: Flickr)