Британија има најголем број купувачи на имот на кредит во Европа, а Македонија најмалку

- Advertisement -


Велика Британија заостанува зад другите европски земји во однос на процентот на населението што живее во сопствените домови, но е на прво место во однос на секторот за хипотека и бројот на имоти купени со хипотека.

Студијата на брокерот за хипотеки „Henry Dannell“ покажа дека повеќе од 25 милиони сопственици на куќи во Велика Британија влегле на пазарот на недвижности со помош на хипотекарен заем.

- Advertisement -

Само Германија и Франција се приближуваат до ова ниво со 21,5 милиони и 21 милион соодветно.

Шпанија со 13,5 милиони жители и Холандија со 10,5 милиони луѓе се единствените други земји во Европа каде што бројот на сопственици на станови со хипотеки го надминува прагот од 10 милиони.

- Advertisement -

На спротивна страна, само 0,5% од сопствениците на имоти во Македонија имаат хипотекарен заем, што е еднакво на само 10.353 сопственици на станови во земјата.

Но, во однос на вкупниот удел на населението кое поседува дом, анализата на „Henry Dannell“ на податоците од пазарите за недвижнини во европските земји покажа дека во Британија е 65,1%.

- Advertisement -

Само луѓето во Франција, Шведска, Данска, Турција, Австрија, Германија и Швајцарија имаат помала веројатност да поседуваат дом, а 95,8% од Романците живеат во свој дом, при што земјата има најголем удел во сопственоста на станови како процент од вкупниот број популација.

Што се однесува до уделот на луѓе кои земале заем за да купат имот, Исланд е на врвот на листата со 63,9% од сите сопственици на куќи. Со 37,5%, Велика Британија е на десеттото место во оваа ранг листа, иако според бројот на сопственици на куќи финансирани од хипотекарниот сектор, земјата е на прво место во Европа.

Џеф Гарет, директор на „Henry Dannell“, коментираше дека иако Велика Британија е земја со највисоки цени на имоти во светот, сопственоста на домови останува широко распространета на пазарот за недвижнини во ОК.

Според него, можноста за купување имот со помош на хипотекарен заем е од витално значење за купувачите на станови да ја остварат својата желба за домување.

„Иако сопствениците на куќи со хипотеки сочинуваат нешто помалку од 40% од вкупниот пазар, тоа е еднакво на неверојатни 25,2 милиони луѓе. Ова го прави британскиот хипотекарниот сектор највлијателен во Европа во однос на обезбедувањето финансирање за купување имот“, рече Гарет.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -