TikTok воведува опција корисниците да направат пауза од апликацијата

- Advertisement -

Платформата TikTok најави воведување на нови опции, кои корисниците ќе ги поттикнат да направат пауза од користење на апликацијата и ќе им помогнат да преземат контрола над вкупното време поминато на социјалната мрежа, пренесува Blооmberg.

Компанијата сооопшти дека двете нови опции ќе им овозможат на корисниците да постават дневен лимит на времето за користење на паликацијата и ќе им помогнат да изградат позитивен однос со дигиталните уреди.

- Advertisement -

Новите опции се прикажување на податоци за времето поминато во апликацијата, колку често ја отвораат апликацијата и преглед на употребата ноќе и дење.

Според наводите, позитивниот однос со дигиталните уреди и апликации не е само мерење на времето кое корисниците го поминуваат пред екранот, туку и чувството на контрола над начинот на кој ја користиме технологијата и осигурувањето дека времето кое го поминуваме на мрежата позитивно придонесува за чувството на благосостојба.

- Advertisement -

TikTok потврди дека младите корисници исто така почнуваат да добиваат автоматски прашања за дигиталната благосостојба. Од компанијата порачуваат дека промените следуваат после студијата која ја спровеле со групата за безбедност на мрежата Internet Matters, која откри дека кога тинејџерите чувствуаат дека го контролираат своето однесување и навиките на мрежата, тоа има позитивно влијание на нивното расположение.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -