Направена првата турбина на гасот водород

- Advertisement -

Турбините на гас може да ги видите насекаде, но како што светот се труди да постигне нула емисија на гасови, тие мора да се адаптираат или да не се користат повеќе. Затоа истражувачи од Универзитетот Ставангер најавија дека успешно креирале метод за користење на чист водород како гориво за тубрините на гас.

Иновацијата ја создале на средината на минатиот месец кога успеале една турбина да ја активираат со 100% чист вородод. Крајната цел им е да можат да произведуваат електрицитет со нула штетна емисија на CO2.

- Advertisement -

„Поставивме светски рекорд во согорување на водород во микро турбини на гас. Никој досега не успеал да приизведе на тоа ниво претходно“ вели професорот Мохсен Асади, кој го предводи истражувањето. Неговиот тим сега докажа дека можат да користат водород во постојните инстраструктури на турбините на гас без многу да се менува композицијата на структурите.

„Ефикасноста на турбините на гас кои користат водород ќе биде малку помала. Но, најголемата добивка е тоа што ќе може да се користи постојната инфраструктура. Освен тоа, нема да има штетна емисија на CO2 при производството на енергија“ вели Асади.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -