Освен што Марк Цукерберг сака да се погрижи во иднина се повеќе време да поминуваме во виртуелни светови, неговата компанија ќе се погрижи и добро да игледаме во мета универзумот. Тоа, се разбира, ќе го наплати. Од неговата компанија најавија дека ќе лансираат онлајн-продавница за виртуелни светови а корисниците на Facebook, Instagram и Messenger, а во продавницата ќе може да се купи дигитална облека од познати брендови.
На почетокот корисниците ќе можат да купат дигитална облека на Прада, Баленсиага и Том Браун како што се маички со качулка, костуми и облека за мотокрос, а таа облека ќе ја платат со вистински пари. Дигиталната стока ќе биде битен наќин на иззразување во мета универзумот и голем двигател на креативната економија, напиша Цукерберг на Facebook и додаде дека во нивната онлајн-продавница ќе се појават и други брендови.
Луксузните модни брендови веќе соработуваат со технолошки компании, па така, Баленсиага ја продaде својата виртуелна продавница за облека на Fortnite, додека во Roblox е отворен Gucci Town, каде што се наоѓа и виртуелна продавница.
(Tech Crunch)
(фото: Balenciaga)