Илон Маск ќе го прошири подземниот тунел во Лас Вегас на 55 станици

- Advertisement -

Проектот Vegas Loop на The Boring Company за изградба на подземни тунели во Лас Вегас, кој првично беше одобрен во 2021 година за 51 станица и должина од околу 47 км, сега доби зелено светло за поширување на 55 станици и должина од околу 55 км. Маск ја основаше компанијата The Boring Company со цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж и да овозможи ултрабрз транспорт на патници и стока преку мрежа од тунели со една сообраќајна лента.

Моментално тунелот кој го имаат изградено е долг околу 3 км и почнува под конференцискиот центр во Лас Вегас, крајната цел е мрежата од тунели да обезбеди директен линк со најпосетуваните локации во градто. Се очекува наредната фаза од изградбата во центарот на градот да почне во 2023 година. Конструкцијата на постојниот тунел од 3 км чини околу 47 милиони долари, а секоја наредна станица ќе чини од 1,5 до 20 милиони долари.

- Advertisement -

“Ова е вториот чекор, а остануваат уште осум чекори. Долг е патот пред нас и треба уште многу да работиме. Но, ако треба да прогнозираме, би рекле дека веќе наредната година ќе почнеме со проширување на мрежата“ велат од Boring Co.

(Hyperbeast)

- Advertisement -

(фото: Fflickr)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -