Кинеското вселенско летало направи фотографии од сите делови на Марс

- Advertisement -

Во март минатата година кинеското летало без екипаж Tianwen-1 стигна до Марс, каде што спушти роботско летало кое веднаш почна да ја истражува Црвената планета. Другата компонента на Тianwen-1, орбитерот, продолжи да кружи околу планетата и досега направи повеќе од 1.300 кругови околу Марс, при што ја фоторграфираше целата површина.

Според последните информации на државните медиумски агенции, кои ги пренесе Reuters, Tianwen-1 направил фотографии од целиот Марс, вклучувајќи го и јужниот пол. Токму на тој дел од планетата, под заледената површина, се наоѓаат залихи на вода, кои ги откри сонда на Европската вселенска агенција во 2018 година.

- Advertisement -

Лоцирањето на водата под површината е клучно не само за откривање на потенцијален живот на Марс, туку и за некои идни потенцијални човечки мисии на планетата, кои вклучуваат подолготраен престој.

Освен фотографии од јужниот пол, благодарение на леталото Тianwen-1 направени се и фотографии од 4.000 км долгиот кањон Валес Маринерис и кратерот Арабиа Тера на северниот дел од планетата. Исто така, леталото на Земјата испрати и фотографии од кратерот Маундер во висока резолуција, како и од големиот вулкан Аскреус Монс, висок дури 18 км.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -