Туната е деликатес кој најмногу се продава за правење суши по цена од стотици долари за килограм. Исто така, тоа е риба која е најмногу ловена и ја има во најмал број. Токму затоа Мајк Селден има визија да ја замени туната од конзерви со првокласна туна одгледана во лабораторија. Планот на Селден е не да се лови риба од океаните ниту да се одгледува на фарми. Со соосновачот на стартапот Finless Foods, Брајан Вирвас, развиваат и растат месо од туна во лабораторија.
Како што пишува Светски економски форум, нивниот стартап е еден од повеќето кои развиваат клеточни структури и ткива за да произведат месо без да се убиваат риби или животни. Тие се надеваат дека ќе успеат да направат филети од туна без да лова или да одгледуваат на фарми. Поради риболовот се намалува бројот на риби во светот, особено на туната. Бидејќи стануваат поретки, се покачува и цената за килограм, па некои се продаваат и по 100.000 долари во Јапонија.
Селден и Вирвас имаат дипломирано на биологија и биохемија на Универзитетот Амхерст во Масачусетс и се типичен пример за млади и идеалистични претприемачи кои сакаат модерните технологии да ги искористат за да стават крај на еколошките, здравствените и етичките проблеми во светот.
Во септември годинава Finless Foods почна со тестирање. Кратко по тестирањето почнаа да експериментираат со туна. Велат дека почнале со туната затоа што и се заканува истребување, но проблем е и цената. Лабораториската риба и месо треба да бидат поевтини од тие од животинско потекло за да бидат конкурентни и да има поента нивното креирање. Засега се обидуваат да креираат добра тесктура за од неа да може да се прави суши. Се очекува првите производи да се најдат на пазарот во 2019 година. За почеток нивната риба ќе се користи за рибини торти или за паста од риба, односно сурими, за кои не е битна текстурата.