„Консалтинг интер груп“ ја проширува својата дејност во сегментот на маркетинг и ПР. Во знакот на одбележувањето на својата 11-годишнина, консултантската куќа го заокружува својот сет на области, во кои е специјализиран, со цел понуда на услуги, според потребите на компаниите, а во насока на поддршка, во делот на економскиот и финансиски консалтинг, корпоративно работење, пристап до финансии, HR-консалтингот и сега маркетинг и ПР консалтинг.
Консултантската куќа, своето досегашно работење на пазарот на консултантски услуги кај нас, го докажа со огромни успеси, преку обезбедување на финансиски средства за инвестиции, со што се запиша во новата економска историја на државата како деловен партнер со најголема поддршка на стопанството.
Успесите се должат на иновативниот пристап во менаџирањето и поставената стратегија за работа на консултантската куќа, со менаџерските вештини кои ги докажа и потврди, како една од најуспешните млади менаџерки, сопственичката Пенка Мукаетова.
„Силната желба и визијата, да се направи нешто ново, поразлично , да се даде нов пристап во консултантсвото како дејност кај нас, е моја мисија уште од основањето на „Консалтинг интер груп“. Јас, не се водев од девизата да ги ископирам постоечките понуди на пазарот во оваа дејност, туку да поставам сосема нов концепт во деловното консултантство. Тоа се состои во нудење на комплетен сервис на компаниите, грижа за нивните потреби и проблеми со комплетна посветеност во нивните чекори и деловни активности, до фаза на преземање инвестициски чекори, преку донесување на вистинска одлука, по направени анализи и на крај обезбедување финансии за да го реализираат тоа. Но, не само тоа, продолжување на соработката и поддршката и понатаму. Нашите фирми, кои ни станаа долгогодишни клиенти, со поддршката од ваков тип, низ годините „пораснаа“, што прави да бидам многу горда, кога гледам дека сме придонеле да изградиме многу успешни македонски компании“, вели Мукаетова, генерален менаџер на „Консалтинг интер груп“.
Развојот и следењето на потребите на компаниите, особено на новооснованите, сегмент во кој „Консалтинг интер груп“ е веќе докажан партнер, наметнува природно да се заокружи целата палета на услуги и во делот на промоцијата, маркетингот и ПР услугите за компаниите.
Според Мукаетова, компаниите покажале дека имаат потреба од вакви услуги за да се промовираат и настапат успешно на пазарот со своите производи и услуги, поради што природно се создале условите да им се излезе во пресрет и да им се понуди поддршка и за оваа потреба, со цел да станат успешни во освојувањето на пазарот.
„ Основавме многу нови компании, поддржуваме многу претприемачи кои се охрабриле и започнале бизнис. Довербата која ја стекнале во нас, како консултантска куќа, им дава доверба да ни го доверат и овој сегмент од нивниот пат кон развој и успех. Затоа, го креиравме „Медиа консалтинг“, како нова област на наши услуги, за да може да добијат комплетна услуга во делот на маркетингот и промоцијата, ПР активностите, брендирањето, да стекнат вештини како менаџери за еден многу важен аспект за развој на компанијата, а тоа е стекнување вештини во делот на јавен настап, личен менаџмент како менаџери исл. Фактот дека маркетингот и промоцијата на брендот, производот, услугата, за една компанија значи инвестиција, а не трошок, секогаш треба да биде фактор кој ќе ги води компаниите и нивните менаџери да вложуваат и во овој многу значаен дел од опстојувањето на компаниите. Сметам дека со ова ќе помогнеме уште повеќе, да се издигнат на пазарот и да ги покажат своите вредности. Среќна сум што со мојот тим создадовме однос на доверба со нашите клиенти и тие веќе ни ја доверија и оваа дејност, како дел од нашата соработка, што ме прави особено среќна“, вели Мукаетова.
„Медиа консалтинг“, во знакот на докажаната иновативност на „Консалтинг интер груп“, започнува во својот сегмент на активности со проект кој е во областа на културата и негување на македонските народни музички вредности, под наслов „Детска патувачка фолк библиотека“ , на „Фолконика“ Скопје- Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца.
Целта на проектот е запознавање и едуцирање на најмладите генерации со македонската фолк музика, фолклорното и литературно музичко творештво, едукација и иновации за деца, преку интересен и за нив атрактивен начин, во чекор со новото време. Активностите кои ќе се реализираат се наменети за негување и зачувување на народното музичко богатство, со мисија да се пренесе на најмалите, преку форми, најинтересни и прифатливи за нив, за да го засакаат, читаат, слушаат и продолжат да го негуваат, како наша национална вредност.
„Детска патувачка фолк библиотека“ , ќе започне со патувачка фолк библиотека, која ќе стигне до многу деца, во целата држава, од најмалата рурална средина каде што учат и живеат, па до големите градски средини и во дијаспората, преку онлајн пат, со цел да им се пренесе културното богатство во делот на народната фолк музика, фолклорот и традицијата, преку читање на песни, пеење, свирење, дружење со докажани професионалци во оваа област. Потоа, ќе следи издавањето на нова музичка фолк сликовница, која ќе биде промовирана, со цел да се придонесе во збогатување на издаваштвото за деца, во делот на народното музичко богатство, нешто што е заштитен знак на „Фолконика“, работејќи на ова поле и издавајќи прва музичка фолк сликовница за деца. Со ваков проект, ќе се доближи нашето музичко народно творештво до најмалите, ќе се запознаат со него, ќе читаат, ќе пеат, ќе доживеат искуства со огромна вредност за нивниот раст и развој, со поттикнување и вградување на чувството за национален идентитет, градење на вредности кон културата, музичкиот и пишан збор.
Според генералната менаџерка на „Медиа консалтинг“, ова ќе биде уште една потврда за определбата на компанијата да продолжи со својата општествена одговорност, но и да даде поттик на останатите кои работат во консултантската дејност, да работат и на полето на културата, каде има ,исто така, огромна потреба од професионална поддршка од ваков вид.