Заклучените екрани на нашите телефони стануваат новата мета на огласувачите и маркетинг агенциите. Наскоро првата работа која ќе ја видите на заклучениот екран на телефонот кога ќе го земете во рака ќе биде реклама од некој огласувач, кој ќе го плати тој маркетинг.
Дури и главниот бизнис модел на многу маркетинг компании и агенции ќе биде токму таквиот вид на огласување затоа што се проценува дека секој корисник секој ден во просек го зема телефонот во рака повеќе од 50 пати, па толку пати погледнување на екранот пред да се отклучи треба да се користи за нешто конкретно.
Една од првите компании кои ќе се занимаваат со тоа е американскиот Glance, кој веќе се нарекува себеси компанија за содржини на заклучен екран и моментално е во преговори со американски телеоператори за во текот на наредните два месеци да почне со огласување на некои Android телефони.
Компанијата тоа не го нарекува маркетинг, туку систем за прикажување содржини на заклучен екран и го брани со фактот дека на заклучениот екран може да се најдат многу содржини како наслови на ударни вести, видеа, квизови, музички настани, игри и фотографии. Но, секако, тука има и многу огласи затоа што тие се главен извор на приходи. Во, основа, ова не е нешто сосема ново затоа што станува збор за еден вид на проширување на системот за известувања кој постои на многу уреди.
Всушност, на корисниците веројатно нема да им пречат тие содржини на заклучен екран доколку на нив преовладуваат корисни содржини затоа што повеќе нема да мораат да го отклучуваат телефонот секој пат кога ќе им стигне некое известување или да влегуваат во апликации за да дознаат кои се новите вести или информации замјузика, филмови, игри и други содржини кои ги интересираат.
Покрај тоа, сите корисници ќе имаат прилика да го персонализираат својот телефон, па во поставките ќе имаат можност да ги отстранат тие содржини што не ги интересираат.
(Vidi.hr)
(фото: Pxhere)