- Advertisement -
Франција наскоро ќе забрани поимите хамбургер, колваси и сл. да се користат за други производи кои не се од животинско потекло, туку од замена за месо.
Од 1 октомври годинава замените за месо на раститетлна база во Франција повеќе нема да може да содржат колбас, хамбургер или кој било друг назив во името кое се однесува на друг производ од вистинско животинско месо, објави весникот Le Monde.
- Advertisement -
Храната која веќе е произведена и означена ќе може да се пласира на пазарот до 31 декември 2023 година.
Земјоделската индустрија во Франција ова правило сака да го пренесе во целата Европска унија, каде што тој предлог своевремено беше одбиен со широка јавна расправа.
- Advertisement -
(Bizlife)
(фото: Pxhere)
- Advertisement -