Јапонски истражувачи произведоа речиси невидливи соларни панели

- Advertisement -

Провидните соларни панели привлекуваат доста внимание затоа што со нив се надминуваат лимитите на традицоналните непровидни панели и како такви можат да се постават на прозорци, на стакленици, паметни уреди, па дури и на човечката кожа и да генерираат енергија. Оваа технологија сега отиде чекор понапред кон тоа да стане реалност.

Тим од истражувачи од Универзитетот Тохоку од Јапонија произведе високо провидни соларни панели. Тие панели се направени од индиум-калај-оксид како провидна електрода и њолфрам дисулфид како проактивен слој.

- Advertisement -

Нивната провидност е импресивни 79%, што значи дека, теоретски, може да се постават секаде – од прозорци, шофершајбни на коли или на човечката кожа.

И покрај неодамна произведените провидни панели од перовсјакт и органски полупроводници, просечната провидност на тие панели е помала од 70%. Се уште е предизвик да се направат соларни панели кои се попровидни. Научници долго време сакаат да направат соларни панели кои се сосема провидни, но досега немаше соодветни материјали за тоа.

- Advertisement -

За да направи речиси целосно провидни соларни панели јапонскиот тим ја контролирал контактната бариера помеѓи индиум-калај-оксидот, еден од најчесто користените транспарентни оксиди, и монослјот од волфрам дисулфид. .

- Advertisement -

(Inseptive Mind)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -