Научници направија гориво за авиони само од вода, СО2 и сончева светлина

- Advertisement -

Швајцарски научници тврдат дека откриле начин за летовите со авион да станат поеколошки и да го намалат својот карбонски отпечаток. Во студија објавена в списанието Nature тие опишале како изградиле соларна кула која е клучна за процесот на производство на еколошко гориво. Појаснуваат и дека кулата ја користи сончевата светлина за производство на синтетичка алтернатива на гориво, кое може да се користи наместо фосилно гориво.

Варијантата на керозин која ја произведува таа соларна кула, наводно, би можела да се користи без проблем во воздухопловството, не бара посебни услови за складирање, како ни пролагодување на постојните закони.

- Advertisement -

„Со нашата соларна технологија покажавме дека можеме да произведеме синтетички керозин од вода и CO2, наместо од фосилни горива“ се вели во објавата за медиуми која ја напиша еден од коавторите на студијата, професорот Алдо Стајнфилд од универзитетот ETH во Цирих. Количината CO2 која се испушта при согорувањето на керозин е истата која се користи при производството на еколошкото гориво во соларните кули. Тоа значи дека горивото е карбонски неутрално, особено ако се користи CO2 кој се заловува директно од воздухот.

Засега оваа соларна кула производува околу 1 дл синтетички керозин дневно. Но, треба да имаме на ум дека е изградена за да се докаже концептот и да се направи студија. За производство на количините кои се потребни дневно во целиот свет би било потребно да се израдат многу повеќе соларни кули.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -