Дома татко и ќерка, на академија колеги-студенти: Петар и Теодора истовремено учат дизајн!

- Advertisement -

Дома се татко и ќерка, на академија се колеги студенти. Петар Наумовски (52) и неговата ќерка Теодора (21), не го поминуваат времето заедно само во нивниот дом, туку заедно и студираат. Двајцата истовремено учат да бидат дизајнери на веб страници или да изработуваат дизајн на апликации за мобилни телефони, но и да работат на корисничкото искуство.  Нивниот дом сега е една голема училница, а Петар и Теодора се веројатно единствените во земјава што истовремено решаваат задачи, следат предавања и работат на реални проекти како колеги на некоја академија и кои дома покрај за семејните обврски, зборуваат и за студиите. 

На Петар Наумовски не му било лесно како дипломиран машински инжинер да се „прешалта“ на дизајн, но сепак му било предизвик. Тој има завршено насока безбедност и здравје при работа, но работел нешто сосема друго и прво вработување му било како уредник на квизот Енигма на ТВ Сител.

- Advertisement -

Изминативе 25 години бил уредник и продуцент на голем број емисии на македонските национални телевизии. Работел и маркетинг и ПР, на кампањи и стратегии. Во моментов е косопственик е на естрадниот магазин „Бекстејџ“ кој годинава ќе прослави 15 години постоење. Истовремено е претседател е на Македонското здружение за заштита при работа, во кое е член уште кога дипломирал.

Како човек кој ги разбира трендовите тој со децата разговарал за важноста да поседуваат вештини наместо диплома. Тука паднала и идејата да учат заедно.

- Advertisement -

Од тие разговори се појави идејата да се запишеме на Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер. Ќерка ми според нејзините афинитети се запиша на UX/UI (User Experience/User Interface) дизајнот кој се покажа како идеално за човек кој е емпатичен, сака да размислува како корисникот да се чувствува најдобро, бара многу дизајнирање и естетика, истражување, а не премногу програмирање и познавање на тој сегмент. А мене истражувањето и функционалноста. Затоа се запишав на UX/UI“, објаснува Петар.

Додава дека часовите ги имаат секој понеделник, среда и петок од 20 до 22 часот, термин кој како што вели му одговара.

- Advertisement -

„Бреинстер (Brainster) има фантастичен систем за следење на наставата. Најважно е што секој час е снимен и можеш, а и мораш ако сакаш да стигнеш со материјалот, кога сакаш да го погледнеш и да вежбаш. Искрено, многу е динамично, а за некои со многу обврски како мене, понекогаш и тешко. Но, имаме огромна помош од менторите и предавачите“, додава тој.

Петар не се плаши од фактот дека можеби е најстариот студент на академијата.

„Опкружен сум и работам со млади луѓе кои ме мотивираат и од кои може многу да научам. Групата во која што сме со со мојата ќерка се амбициозни, одлични млади луѓе кои сакаат да соработуваат и помагаат“, објаснува тој.

Признава дека сака да ги следи трендовите и дека учи да биде добар UX/UI дизајнер.

Теа (21) истовремено е студент во трета година на Економски факултет, на насоката маркетинг.  Дома во семејството Наумовски е како во една голема училница, каде Теа учи во една соба, а Петар во друга.

„Поделени сме во различни групи и сме конкуренција (се смее). Си помагаме и разговараме. Теа е работно ангажирана периодов и секој работи самостојно, но се консултираме и си помагаме кога на некој нешто не му е јасно“, вели Петар додавајќи дека менторите се тука да им помогнат доколку некаде „заглават“ на часот или потоа на платформата која е добро организирана.

Теодора не го крие задоволството од тоа што нејзиниот татко и е „колега“ и горда е што се одлучил повторно да учи мотивирајќи ја и неа.

„Немаме класичен однос татко-ќерка, туку напротив, колегијални сме. Во текот на денот тој има многу повеќе обврски, па се обидувам колку што можам да му помогнам или расјаснам некои работи, пред се од технички карактер“, објаснува Теодора.

Вели дека татко и често патува и отсуствува, но за среќа лекциите се достапни онлајн, па во секое време може да ги следи.

„Ние сме многу блиски и сето ова ми е некако вообичаено, но сите се некако изненадени дека учиме на исто место“, вели Теа.

За разлика од некои други родители на кои оценката им е најбитна, Петар вели дека тој самиот  никогаш не учел за оценка и не го бара тоа од сопствените деца.

„Овој систем што го нуди Brainster тоа ми го овозможува. И на двајцата ни отвара нови перспективи. Многу студенти веќе работат и се многу барани на пазарот. Во ова влегов како поддршка на Теа, но и како можност за евентуална моја дополнителна заработка“, вели тој.

Сподели!
- Advertisement -