Светот ќе емитува 700 милиони тони штетни гасови помалку секоја година ако сите возиме велосипед!

- Advertisement -

Светот би емитувал речиси 700 милиони тони штетни гасови помалку секоја година – што е и повеќе од годишната емисија на Канада – кога сите би се возеле со велосипед, покажа ново истражување.

Секторот за транспорт моментално е одговорен за речиси 1/4 од емисијата на стакленички гасови со согорување на горивата. Половина од таа емисија доаѓа од автомобилите, а се очекува дека побарувачката за промет до средината на овој век ќе се зголеми трикратно.

- Advertisement -

Со цел да се декарбонизираат владите и индустриите се свртеа кон електричните возила. Само минатата година се продадени 6,75 милиони автомобили. Бројот на продадени возила се следи и се објавува секоја година. Потешко ќе се следи производството и продажбата на многу постари возила со ниска емисија на штетни гасови, односно велосипедите.

Меѓународен тим од истражувачи сега ја состави првата база на податоци во сопственост и употреба на велосипеди по држави, користејќи статистичко моделирање за да се дополнат недостатоците во информациите. Се покажало дека производството на велосипеди од 1962 до 2015 година го надминало производството на автомобили. Над 2/3 од 123 милиони велосипеди произведени во 2015 година се однесуваат во Кина.

- Advertisement -

Научниците покажаа дека во богатите земји повеќе луѓе поседуваат велосипед, но истовремено таму повеќе се користат и велосипеди. Од 60 држави вклучени во истражувањето, само во 5% случаи велосипедот се користи за патување.

За да патуваат на работа како Данците, кои дневно на велосипед поминуваат во просек 1,6 километри, светот би можел да испушта околу 414 милиони тони јаглерод диоксид помалку секоја година. Како што пресметале научниците тоа одговара на годипната емисија на CO2 на Велика Британија. Ако светот вози пак колку Холанѓаните, кои дневно поминуваат 2,6 километри, светот ќе заштеди 686 милиони тони јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Светската про-велосипедска политика и развој на инфраструктура ќе овозможи премин кон холанскиот и данскиот модел и ќе донесе значајни, досега неискористени погодности за климата и здравјето, напишаа авторите.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -