Sophos прогласен за Избор на потрошувачите за Network Firewalls од страна на 2022 Gartner® Peer Insights

- Advertisement -

Sophos е единствен продавач прогласен за Избор на потрошувачите за мрежни огнени ѕидови и платформи за заштита на крајните точки

- Advertisement -

Sophos, глобален лидер за модерни решенија за сајбер безбедност, објави дека во извештајот Gartner Peer Insights Voice of the Customer: Network Firewalls, за април 2022 година е прогласен за Избор на потрошувачите. Sophos го имаше највисокиот рејтинг помеѓу компаниите-продавачи, со најмалку 150 проверени оценки од потрошувачите за февруари 2022 година.

Sophos е единствената компанија која ја доби титулата Избор на потрошувачите и во двата извештаи 2022 Voice of the Customer: Network Firewalls и 2021 Voice of the Customer: Endpoint Protection Platforms (EPP). Во извештајот Network Firewalls, Sophos е единствениот Избор на потрошувачите во категориите Public Sector, Government и Education customers. Понатаму, тој доби признанија за Избор на потрошувачите и во категориите Midsize Enterprise, Manufacturing, Services, Asia/Pacific и Eurоpe, Middle East and Africa (EMEA) пазарните сегменти.

- Advertisement -

„Мрежните конекции изминатите неколку години значително напреднаа. Повеќето корисници работат на далечина, мрежите се пошироко дистрибуирани, а апликациите во облак сѐ повеќе се користат. Sophos Firewall е комбинација од најдобрата заштита со интегрирани SD-WAN, VPN и способност за вмрежување, со што на корисниците им се овозможува полесно да ги остварат своите цели за вмрежување, додека го стопираат злонамерниот изнудувачки софтвер, каналите за команди и контрола и други напредни закани. Ова признание од потрошувачите е вистински доказ за врвната заштита, супериорната забележителност и неповторливиот поврат на инвестиција кој Sophos Firewall им го обезбедува на своите партнери и на своите корисници ширум светот“ вели Raja Patel,  виш потпретседател за производство во Sophos.

Sophos Firewall има моќни перформанси и напредна заштита од сајбер напади. Последната верзија на Sophos Firewall, лансирана во април 2022 година, сега исто има и опции за Xstream SD-WAN и врвен VPN. Sophos Firewall е дел од екосистемот Sophos Adaptive Cybersecurity Ecosystem, кој е способен за интегрирање на целосното портфолио на производи, услуги и откривање на закани на Sophos за побрза и поконтекстуална и синхринизирана детекција, заштита и одговор. Корисниците можат лесно да менаџираат со платформата во облак Sophos Central, каде што корисниците можат да ги надгледуваат инсталациите, да ги поставуваат и да ги менаџираат со политиките на користење, да реагираат на алармирање  и да ги следат лиценците и датумите за надградба преку еден интуитивен интерфејс.

- Advertisement -

Признанието Избор на потрошувачите на Gartner Peer Insights се доделува базирано на оценките на потрошувачите. Само продавачите со најмалку 20 оценки од крајните корисници, односно компании со над 50 милиони долари приходи во текот на период од 18 месеци се вклучени во извештаите.

Копија од извештајот  Gartner Peer Insights Voice of the Customer: Network Firewalls е достапна на https://www.sophos.com/en-us/whitepaper/customers-choice-for-network-firewalls.

Безбедносните решенија на Sophos и за вашиот бизнис, побарајте ги во КАБТЕЛ – Platinum Partner на Sophos.

Сподели!
- Advertisement -