Џонсон Мети донираше повеќе од 23.000 евра грант на Институтот за Хемија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Грантот ќе се искористи за модернизација на постоечката лабораторија за да помогне студентите да ги градат своите кариери по хемија и хемиско инженерство, додека учениците од основните и средните училишта ќе спроведуваат експерименти и ќе се подготвуваат за натпревари по природни науки.
„Џонсон Мети Македонија е горда што продолжува да ги поддржува студентите на Хемискиот факултет во Скопје и Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. Овој проект е многу атрактивен за идните хемичари, бидејќи се фокусира на развивање на основните вештини за решавање проблеми и критичко размислување, што ќе се овозможи преку новата реновирана лабораторија“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Скопје.
Тој е воодушевен од неодамнешните достигнувања и медали што ги освоија средношколците на Меѓународната олимпијада по хемија, годишен академски натпревар со 83 земји-учеснички.
“Развивањето на млади таленти останува наш главен приоритет. Алумните што се придружуваат денес се вистинско сведоштво за резултатите што може да ги постигне нашето партнерство“, додава Борозанов.Џонсон Мети, исто така, донираше примероци од PGM (соли на благородни метали) на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија за да придонесе во нивната колекција на оригинални хемиски елементи на периодичната табела.
Овој конкретен проект е дизајниран да им обезбеди на студентите практични искуства за да помогне да се инспирира образование и кариера во иновациите и науката.
Професорите д-р Зоран Здравковски и д-р Методија Најдоски од Хемискиот институт се сложуваат дека збирката хемиски елементи при овој Институт на Природно-математичкиот факултет во Скопје е единствена според својот концепт.
„Еден значителен дел од изложените примероци, според можностите, имаат локално – македонско потекло. Оваа уникатност на збирката се совпаѓа со една од нејзините едукативни цели. Нашата заложба за зголемување на атрактивноста и едукативната вредност на оваа збирка се развива во насока во која секој изложен примерок од хемиски елемент ќе има своја приказна, на некој начин, поврзана со локално, но сепак и глобално значење. За таа цел беше направена интернет страна во која што секој примерок е претставен двојазично со физичко-хемиски податоци и информации за потеклото. Збирката хемиски елементи се развива околу 9 месеци и наскоро ќе го добие својот релативно конечен изглед“, велат професорите.
Според нив, „прилогот од примероци платина и паладиум од Џонсон Мети, каде има вработено и наши студенти, се од големо значење токму во таа насока. Придонесот на оваа компанија е огромен на патот на примената на платината како благороден, хемиски елемент којшто, рака под рака, со паладиумот како катализатори играат огромна улога за заштита на животната средина и кон една „позелена“ Земја. Подетални информации за збирката и уникатноста на концептот се опишани во трудот Elementary, my dear Watson! The making of a collection of the natural elements.“Лидија Евтимовска, Супервизор на Производна Линија и алумни студент од Институтот за хемија додава „можноста да бидам во улога на практикант во Џонсон Мети е едно од моите искуства од минатото за кое бев подготвена како студент по хемиско инженерство. Благодарение на соработката помеѓу Институтот за Хемија и Џонсон Мети, ја почнав мојата кариера како практикант во 2014 година и една година подоцна, по завршување со практикантската работа, се приклучив на тимот како инженер за поддршка на процеси. Додека уживав да бидам инженер, секогаш наоѓав огромно задоволство во мотивирање и водење на луѓето кон нивните лични и професионални цели. Позициите на кои продолжив да работам, почнувајќи од 2016 година, беа лидерски улоги. Во моментот водам голем инженерски тим во Производство, кој што обезбедува техничка поддршка на процесите на одделенијата Washcoat и Production. Мојот тим е фокусиран кон решавање проблеми, контрола и оптимизација на процесите“.