Jams Webb сними редок вселенски феномен

- Advertisement -


Вселенскиот телескоп на НАСА, James Webb, ни овозможи уште еден нов и одушевувачки поглед на вселената. Како што знаеме, вселената е преполна со непознати работи за нас, а James Webb само што почна да ги открива.

Објектот за кој сега станува збор е ѕвезда оддалечена околу 5.600 светлосни години, а инфрацрвеното око на Webb забележало извонреден детаљ: опркужена е со нешто што изгледа како концентрични прстени од светлина кои зрачат кон надвор.

- Advertisement -

Постои прекрано и фасцинантно објаснение за тие концентрични прстени. Ѕвездата, всушност, е бинарен пар од ретки ѕвезди во соѕвездието Лебед, а нивните интеракции произведуваат прецизни периодични ерупции кои со тек на време се шири во просторот кој ги опкружува. Тие светат инфрацрвено, што овозможило толку осетлив инструмент како што е MIRI на Webb да ги види до најситни детали.

Таквиот бинарен систем се вика уште и систем на двократно судирачки ветар, а се состои од многу ретка Wolf-Rayet ѕвезда наречена WR 140 и врела, масивна ѕвезда од O-типот на следачи, кои исто така се редок објект.

- Advertisement -

Wolf-Rayet ѕвездите се многу топли, многу блескави и многу стари. Значително се осиромашени со водород, богати се со азот или јаглерод диоксид и губат маса со огромна брзина.

Ѕвездите од O-тип се меѓу најмасивните позанти ѕвезди, исто така многу топли и светли. Бидејќи се толку масивни, животниот век им е неверојатно краток.И двете ѕвезди во системот WR 140 имаат брзи ѕвездени ветришта. кои во вселената удираат со брзина од околу 3.000 км во секунда. ЗАтоа и двете гумат маса многу брзо. Она што е интересно е дека нивната орбита е елиптична. Тоа значи дека ѕвездите не прават правилни кругови едna околу друга, туку прават елипси.

- Advertisement -

Она што може да се види на фотографијата на Webb е како низа од меурчиња. Работ на секое парче прашина е видлив затоа што гледате во густа концентрација од материјали поради перспективата на гледање. Бидејќи орбитата на бинарните ѕвезди има период од 7,94 години, судирот на ветрот и производството на прашина се случуваат на секои 7,94 години. Тоа значи дека можете да ги пребројувате прстените од магла околу ѕвездите, како годовите на дрвјата, за да ја одредите староста на најоддалечената ронка прашина.

Видливи се околу 20 прстени, што значи дека на фотографијата на Webb може да се види прашина стара околу 160 години.

(Science Alert)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -