Пневматски вештачки мускули кои секој ќе може да ги печати дома

- Advertisement -

Истражувачи од Италијанскиот институт за мобилна технологија и нивни колеги од Школата Санта Ана развија пневматски систем на актуатори, односно вештачки мускули наречен GRACE (GeometRy-based Actuators able to Contract and Elongate – актуатори базирани на геометрија кои може да контрахираат и да се издолжуваат).

Секој актуатор има облик на флексибилна шуплива пластична крушка со набори од странте. Кога воздухот се впумпува во актуаторот преку споеното црево, тој се собира по должината додека радијално се шири. Со други зборови, станува пократок и подебел. Кога воздухот ќе се повлече, актуаторот станува подолг и потенок.

- Advertisement -

Тоа значи дека ако GRACE, на пример, се вгради во роботски прст, актуаторот би можел да го собере прстот кога има воздух во актуаторот и да го исправи кога ќе се испушти воздухот. Во зависност од намената,

Во зависност од намената, актуаторите може да се направат во различни облици и големини, во куќишта со различна дебелина и тоа од разни видови пластика. Меѓу другото, овие промелниви помагаат да се одреди колку одреден актуатор се шири и собира, насоката во која ќе се движи и колкав притисок на воздухот е потребен за да се активира.

- Advertisement -

Засега уште не е познато кога би почнало вградувањето на евтините пневматски мускули во функционални роботи. Истражувањето е опишано во статија неодамна објавена во списанието Science Robotics.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -