Многумина ме прашале како ментор на некои старт ап компании, како се раѓа еден успешен стартап? Односно….дали има рецепт?
Јас мислам дека има, и тоа се најчесто или витамини кои на сите ни се потребни, или десерт кој го земаме како утеха, или пак бараме лек за некоја ситуација. Многумина ќе речат ок, витамини не дека сите ги примаат екстра, но подоцна дознаваме што ако не сме ги имале доволно, без шеќер се може….но јас ќе речам некогаш е подобро и со него. А за лек, по него се трага и ако се најде во старт ап идејата, тогаш се прават милиони. Од моето искуство, едно знам….добрите стартап идеи не се измислуваат, туку се бара проблем кој го имаат поголем број на луѓе, а тој проблем им е доволно важен па се подготвени да платат за неговото решение.
Тврдам дека добрите идеи за успешен старт ап не паѓаат од небо, всушност паѓаат, но таквите се осудени на пропаѓање и сум видела многу низ кариерата…..само старт ап кој наоѓа проблем на поголема група на луѓе и го решава, е осуден на успех.
Таква е и следната моја сторија, посветена на еден “painkiller” старт ап, или лек против многу болки, особено во светот на фриленсерството кое последните години зема толкав голем замав, да најголемите компании по светот ангажираат токму фриленсери за многу клучни позиции.
Прочитајте ја приказната за една опасно добра компанија, која е типичен доказ дека најдобрите иновации се случуваат токму во старт ап компаниите.
Компанијата е Native Teams, која ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите…три групи кои се дефинитивно иднината, зошто класичното вработување за брзо ќе стане тотално непопуларно. Компанијата Native Teams започна со работа од Македонија, но од интервјуто со Александра Митревска, co-Founder & COO, ќе ја дознаете и нејзината експанзија глобално.
Како се роди Native Teams?
Спонтано е најсоодветен збор, бидејќи идејата беше сосема органска. Кога велам органска, мислам на тоа дека платформата која ја изградивме беше всушност решение за проблемот кој ние како тим од фриленсери го имавме. Па така решавајќи го нашиот статус, видовме дека општо цела фриленсерска фела во нашата земја, а и пошироко го бара истото решение.
Што е Native Teams?
Платформа која на фриленсерите и на сите кои работат на далечина им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства на наши бизнис АТМ картички. Покрај тоа нудиме и услуга за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.
Платформата нуди повеќе опции кои вклучуваат услуги за обезбедување на работен статус и бенефити од тоа, наплата на клиенти и фактурирање и сервис на ATM картички. Тоа е интересна комбинација на три сервиси, кој е примарниот таргет, кои се вашите клиенти?
Нашиот примарен фокус се фриленсерите како единки на кои горенаведените алатки и тоа како им се потребни за да можат да се фокусираат на работата без да мислат како ќе ја извршат наплатата. Меѓутоа, додека ние преку нашиот маркетинг ги таргетираме нив се случува многу интересен момент – нивните работодавци доаѓаат кај нас и бидејќи сме застапени во повеќе од 30 земји одлучуваат дека можат преку нас да си го решат наплаќањето за сите нивни вработени и соработници од секаде, па дури и го прошируваат тимот.
Сегментот кој го покривате околу работниот статус е интересен.
Да, и доста атрактивен за нашите корисници. Идејата беше да го решиме проблемот со регуларното вработување на фриленсерите, со кој статус не само што ќе ги имаат сите бенефити како работен стаж, здравствено и пензиско осигурување туку и ќе бидат кредитоспособни, а и идните мајки кои се во овој фриленс домен ќе можат да имаат платено породилно отсуство. Има и многу други примери се разбира, меѓутоа овие се најчестите.
Исто многу интересен момент кој го увидовме е дека со оваа опција во сите земји каде што сме, фриленсерите можат да добијат многу полесно работни визи како и дозволи за работа и престој во некоја странска земја.
Кој се може да има работен статус преку Native Teams?
Секој еден кој што работи нешто како фриленсер, а тоа според нашите истражувања е огромен број и само се зголемува и всушност тоа е иднината.
Покривате над 30 држави со своја поддршка, кажете ни каде е Македонија по однос на законодавство и финтек инволвираност за да можеме да бидеме привлечни како дестинација фриленсери, дигитални номади и аутсорсинг воопшто.
Ова прашање би го поделила на неколку различни сегменти.
Промени кон законодавство и финтек – Македонија нема решение за моменталната ситуација за фриленсинг, единствена опција е регистрација како трговец-поединец или отварање на сопствена фирма која има многу додатни скриени месечни трошоци и процедури кои задаваат главоболки кај фриленсерите, ние помагаме овој чекор да се надмини со нашето решение за само-вработување (дел кој моментално недостига во правилникот за вработување и осигурување).
Дестинација за фриленсери и дигитални номади – Како земја со природни богатства, ниски месечни трошоци (во однос на примањата од западните земји) ние сме многу добра дестинација за дигитални номади, и нашиот придонес за тоа е огромен затоа што им нудиме целосна поддршка во сите административни процедури за виза, редовен престој и работни дозволи, како додаток на нашите услуги.
Аутсорсинг – како земја со многу интелегентни млади луѓе и докажано добри во ИТ секторот, со одлично познавање на англискиот јазик, Македонија (за жал) нуди одлична клима за инвестиции од странство или давање на услуги на странски фирми со висок квалитет, кои за возврат добиваат поволен финансиски во однос на западните земји и на тој начин сите страни профитираат. Ние сме мост кој ги поврзува двете страни и се грижими пред се за нашите фриленсери да ги добијат сите услови и бенефити кога соработуваат со странски клиенти.
За кого се наменeти картичките?
Картичките се наменети исто за секој наш претплатник. Тоа се бизнис картички, сопственост на Native Teams, од нив нашите корисници можат да ги повлекуваат средствата кои претходно им се исплатени од нивните клиенти исто преку нашата платформа. Картичките можи да се користат било каде во светот, исто како секоја виза картичка.
Kако може да се наплаќа за работа преку платформата?
Ако сте фриленсер не е баш едноставно да ги фактурирате клиентите освен ако тоа не е преку некој сајт преку кој и мора да работите.
Како физичко лице еден фриленсер не може да праќа фактури, за тоа е потребно да имате регистрирана фирма. Тука се губи едноставноста на фриленсерството. Затоа во нашата платформа корисниците многу лесно можат да си наплаќаат за остварениот труд и само да се фокусираат на работата. Преку нашата компанија можат да испраќаат фактури во нивно име и средствата да ги добиваат во нивниот виртуелен паричник.
Колкав тим работи сега во компaнијата и колкав процент од тој тим се луѓе кои се занимаваат со иновации во Финтек индустријата?
Во моментот сме тим од околу 70-тина млади и амбициозни индивидуи. Скоро сите се луѓе кои веќе имаат искуство во финтек или сакаат да научат и се доволно посветени и амбициозни сериозно да навлезат во таа индустрија. Тимот ни е распослан насекаде низ светот во околу 16 различни земји: Португалија, Македонија, Грција, Бугарија, Англија, Србија, Хрватска, Турција, Албанија, Ерменија, Словенија, Белорусија, Грузија, Азербејџан, Романија и Шпанија.
Алекс, како започна твојата приказна со оваа компанија. Ти не си само дел од тимот, ти си еден од основачите…
Мојата приказна започна уште пред 6 години, всушност почнав да работам како фриленсер за денес да сум основач на нашата компанија. Па така од проблемите со кои се соочувавме како што растеше тимот во Македонија но и надвор од неа одлучивме да пробаме да најдеме решение, првенствено за нас како тим за полесно да можеме да добиваме плата но и да си го решиме статусот на вработени. Првично отворивме компанија за нашите потреби во Македонија па наредно во Србија итн, со цел да го прошириме тимот и да не сме ограничени со наоѓање на талент но и нивно задржување. Со решавање на нашиот постоечки проблем, развивме еден супер практичен концепт за многу луѓе но и за работодавците кои сакаат да го прошират тимот.
Јас заедно со уште неколку мои колеги бев вклучена во целиот тој процес на осмислување и создавање и можам да кажам дека Native Teams е моето бебе 😃
Сатисфакцијата да гледате како нешто на што сте посветиле толку време и љубов прераснува во успешна платформа која ја користат голем број фриленсери е огромна. Плус на тоа додава и фактот дека решивме неколку проблеми во една апликација.
Како гледаш на овој бизнис простор кој молскавично брзо се развива, како гледаш на иднината?
Дигиталните номади и фриленсерството се дефинитивно иднината. Фриленсерите како поим ќе го надвладеат класичното вработување многу бргу. Ние како компанија, а и јас како личност исто толку брзо се движиме кон таа иднина и се адаптираме на новите трендови и побарувачки во финтек индустријата.