Стапката на невработеност во еврозоната била 6,6% во јули, што е пад за 1,1% во однос на јули минатата година, објави Евростат. Стапката на невработеност во цела ЕУ во јули била 6%, што е помалку отколку 6,9% во јули лани.
Евростат проценува дека има 12,9 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 10,9 милиони биле невработени во еврозоната во јули годинава. Во споредба со јуни 2022 година, бројот на невработени е намален за 113.000 во ЕУ и за 77.000 во еврозоната.
Податоците на Евростат покажуваат дека во јули годинава во ЕУ 2,6 милиони луѓе помлади од 25 години биле невработени, од кои 2,17 милиони во еврозоната. Стапката на невработеност кај младите пред два месеци изнесувала 14% во ЕУ и 14,2% во еврозоната и во споредба со јули минатата година невработеноста кај младите во ЕУ се намалила за 329.000, односно за 244.000 во еврозоната.
Стапката на невработеност кај жените во јули годинава била 6,4% во ЕУ, а кај мажите била 5,7%, додека во еврозоната невработеноста кај жените била 7%, а кај мажите 6%.
(Danas)
(фото: Freepik)