Најнови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

- Advertisement -

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 95      85,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво      ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   98,00 (денари/литар)
  • Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    94,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС   52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983%, кај дизелот за 1,812%, кај екстра лесното масло за 4,293%  и кај мазутот намалување за 0,568%.

- Advertisement -

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели!
- Advertisement -