Кина ја одобри првата ковид вакцина што се вдишува
Кинеската компанија „КанСино Биолоџикс Инк“ соопшти дека државата ја одобрила првата вакцина против ковид која се внесува преку вдишување. Засега, вакцината ќе се користи како бустер доза, пренесува „Евроњуз“.
Вакцината е наречена „Конвиденциа Ер“, а ја користи истата вектор технологија како и верзиите со инјектирање. Вакцината обезбедува опција за аплицирање без игли што може да убеди повеќе луѓе да се зајакнат во време кога новите верзии на коронавирусот продолжуваат да се шират.
Вакцината може да се аплицира самостојно, а течноста се претвора во аеросол со помош на небулизатор и се вдишува преку устата
„Вакцината која се аплицира без игли предизвикува имунолошка заштита против Ковид-19 по само еден здив“, истакнале од компанијата.
Првичната вакцина на „КанСино“ била 66 отсто ефективна против Ковид-19, но надвор од Кина, вакцината не ја пробила конкурентноста поставена од „Синовак“ и „Синофарм“.
Во фаза на истражување и создавање се бројни вдишувачки вакцини. „АстраЗенека“ заедно со Универзитетот „Оксфорд“ веќе работат и на ваква опција.
Сепак, од компанијата велат дека сè уште е неизвесно дали вакцината ќе биде достапна на пазарот, бидејќи потребни се дополнителни административни дозволи, а продажбата зависи од тоа каква е ситуацијата со Ковид во и надвор од Кина, како и процентот на вакцинираното кинеско население.
Извор – Радио МОФ