Технологијата зема примат над сите сфери од нашите животи, а вештачката интелигенција и роботите веќе не заменуваат на многу работни места каде што луѓето се помалку продуктивни или не се во можност да ја вршат таа задача.
Ништо не е поинаку ни во сферата на морињата и океаните. Додека порано луѓето ја следеле ситуацијата во водата, состојбата на морските животни и растенија, квалитетот на водата, загадувањето и слично, сега тоа го прават роботи.
Роботите користат eDNA за да го проценуваат здравјето на океаните. Тоа значи дека научниците преку нив можат да го следат биодиверзитетот во одредена област без да мора да ги бараат и да ги бројат видовите кои живеат таму.
Енвироментална ДНК или eDNA е составена од мали количини генетски материјал, а ја испуштаат организмите додека се движат низ екосистемот. Може да се најде во мртвите клетки од кожата, слузта или во изметот.
Роботите коиги надгледуваат океаните имаат форма на мали подморници и може да патуваат низ океаните со недели и да поминат стотици километри. Додека се движат ја филтрираат eDNA од водата. Научниците потоа ја анализираат водата за да дознаат за биодиверзитетот во тој регион и како се менува со тек на време.Тоа е многу битно за да се разбере како влијаат климатските промени врз дравјето на океаните.
Научниците и досега собираат енвироментална ДНК, но тоа го правеа со посебни бродови и беше многу скап и долготраен процес. Потребни биле недели за да се соберат информации за многу мала површина. Овие роботи можат да анализираат многу поголеми површини во текот на долг период. Со тоа на научниците им овозможуваат да истражат досега недопрени делови од океаните.
(World Economic Forum)
(фото: Rawpixel)