Продажбата на персонални компјутери и таблети ќе падне во текот на 2022 година, прогнозираат од компанијата за истраѓување на пазарот IDC. Според експертите од IDC, продажбата на персонални компјутери се очекува да падне за 12,8%, а на таблети за 6,8% во текот на оваа година. Се очекува и дополнителен пад од 2,6% во 2023 година и во двете категории пред да се стабилизира дури во 2024 година.
„Инфлацијата, ослабената глобална економија и огромната потрошувачка изминатите две години се главните причини за овој пад“ се вели во извештајот на IDC.
Годинава веќе има пад на потрошувачката на компјутери. Во јули од IDC соопштија дека во вториот квартал имало пад од 15,3% на продажбата на персонални компјутери во споредба со истиот квартал во 2021 година. Во 2021 година продажбата на персонални компјутери го достигна највисокото ниво во изминатите 10 години.
(CNET)
(фото: Pxhere)