Додека некои банки од Волстрит водат битка за канцеларии во Лондон или во Њујорк, познатата финансиска корпорација Citigroup се обидува работата да ја организира на поинаков начин така што нуди можност за работа од канцеларија на плажа.
Имено, банката отвори нов центар за млади луѓе во Малага, Шпанија. Покрај соонцето, на вработените ик се ветува вистински одмор по завршеното работно време.
Иако платите за таа канцеларија се пониски, повеќе од 3.000 луѓе се пријавиле за тоа работно место, соопшти банката. Банката досега има вработено 27 луѓе, а најголем дел од нив се на возраст од 22 до 26 години и доаѓаат од 22 земји.
Персоналот во Малага ќе работи осум часа дневно, нема да работи за вокенд и тоа за околу 50.000 долари почетна плата, која за истата улога се нуди во Њуртјок или во Лондон.
Првиот ден од работата на плажа, која официјално беше отворена во среда, бил резервиран за дружење со градоначалникот на Малага.
Citygroup овој потег го најави уште во март годинва, бидејќи идејата е да се намали прометот и да се привлечат нови луѓе во индустријата. Ваквите потези се резултат на пандемијата на корона вирусот и неславно тешката култура на работата во банка.
Последните години, на пример, вработените во Goldman Sachs се бунеа против високите менаџери поради прегорување од работа, затоа што сакаа да се вратат го канцеларија итн.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)