Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала)
Creative Hub (www.creativehub.mk), на своите посетители им овозможува модерен co-working простор (направен по план на Гугл кампусот во Мадрид), луксузно опремен за да ги задоволи и најпрефинетите бизнис потреби за работа или организирање на настани, а истовремено нуди и програма за сертифицирање по стандардите на Certiport, во која се вклучени повеќе Microsoft и Adobe компјутерски курсеви, како и курсеви за основи на програмирањето и повеќе понапредни вештини како оние за етичко хакирање, 3д графика, CSS3 и JavaScript.
“За само два месеци од постоењето го надминавме бројот од 100 членови кои се вклучени во нашите активности, што преставува јасна потврда на фактот дека на Скопје и Македонија и недостигаше еден ваков центар кој ќе го обедини целиот креативен и бизнис потенцијал. Продолжуваме силно во намерата да направиме бизнис-револуција и да ги создаваме идните лидери во нашата заедница!” – велат Бојан Коскаров и Филип Манојловски, кои се дел од тимот што управува со центарот.
Во рамки на Creative Hub функционира и програма за изучување на повеќе странски јазици и стручни курсеви наменети за подобрување на менаџерските вештини и познавањето на финансиите (целата листа на курсеви и обуки може да се погледне на овој ЛИНК), a како посебен дел од центарот се и стартап академијата, која има за цел да им помогне на сите претприемачи и луѓе со бизнис-идеи како нивните планови и модели практично да ги развијат, како и креативните работилници, кои за прв пат во Скопје нудат можност за изучување на повеќе различни креативни вештини.
“Creative Hub е отворен за сите бизнис-ентузијасти, млади претприемачи, афирмирани бизнисмени, луѓе кои сакаат континуирано да се развиваат и дообучуваат, за сите креативци и IT “нинџи”. Дојдете да се здружиме и заедно да ја направиме промената“, заклучуваат Коскаров и Манојловски.